Барселона последна европска станица за Пелистер во ЛШ

64

Пелистер вечерва (20:45 часот) и гостува на Барселона во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на овој дуел влегува после ремито против ПСЖ на домашен терен.

Иако одново ја имаат улогата на аутсајдери сепак сите во тимот се подготвени да одиграат максимално и достојано да се збогуваат со Лигата на шампиони.

„Тешко е да се припремате на Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против Барса, тоа е сон на секое момче кое ќе почне да игра ракомет, Дополнителна мотивација не треба, но треба да бидеме свесни дека в недела го играме најважниот натпревар во сезоната – против Вардар 1961. Се спремаме за двата натпревари. Работиме секојдневно за да напредуваме. Последните два натпревари во Лигата на шампионите но донесоа многу добри работи. Екипата расте, добро работиме и нема за што да стравуваме“, изјави хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац.

Пелистер е седми на табелата со скор од две победи, две ремија и девет порази.

ПретходноПретседателот на ПСЖ „заглави“ поради конфликтот на Блискиот Исток
СледноПознат е противникот на ТФТ во плеј-офот во АБА2-лига