Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Европската лига, откако на гостувањето кај Мелсунген славеше со убедливи 25-34. Македонскиот тим го освои првото место во групата и за пласман на завршницата во ова натпреварување ќе се бори со подобриот од Монпелје и Елверум.
Синоќа видовме голем број на актрактивни потези, еден од нив го одбра ЕХФТВ. Погодокот на Николас Боно е прогласен за петти најдобар гол за последното коло од главната рунда, станува збор за мајсторијата во првото полувреме за 8-12. Мечот го заврши со пет гола.
Неговиот погодок можете да го видите на следниот ЛИНК.










