Досегашниот ракометар на тимот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ ќе го засили тимот на Вардар следната сезона. Според српските медиуми, трансферот е веќе готов, само треба да се договори одштетата која што Вардар треба да ја плати.
По Вукашин Воркапиќ, Урош Митровиќ и голманот Милан Бомаштар, кој треба да дојде на лето, Тасиќ би бил четвртиот член од сега веќе „српската“ колонија во Вардар.
Тасиќ во моментов има 23 години, а негова специјалност е пред се одбраната. Тој има актуелен договор со тимот на Динамо, па и оттаму и прашањето за отштетата.
Од претходно, договорен е и левиот бек Леон Љевар од Слован Љубљана, што значи дека Вардар веќе активно работи на ростерот за следната сезона.










