Струга Трим Лум не го започна најдобро пролетниот дел од сезоната, но тимот верува дека може добро да стартува во третиот круг од првенството и да фати залет за да се вмеша и во трката за титулата.
Христијан Малески, напаѓачот кој на досегашните 22 натпревари има постигнато десет голови и реализирано четири асистенции верува дека стружани ќе стигнат до триумф на денешниот дуел со Македонија ЃП.
„Имавме мала криза на почетокот од пролетниот дел. Победата против Шкупи мислам дека дојде токму во вистинско време, а денешниот натпревар против Македонија ЃП верувам дека е добра можност да ја продолжиме серијата победи и да останеме дел од тројката што до самиот крај ќе се бори за шампионската титула“, изјави Христијан Малески и додаде:
Можам да ветам дека и на денешниот меч ќе го дадам максимумот за тимот повторно да победи. Секогаш се трудиме да ја завршиме нашата работа на најдобар можен начин, верувам дека тоа ќе донесе и нови три бода“.
Два дијаметрално спротивни тима, кои што имаат сосема различни гледишта и приоритети. Струга ТЛ, е екипа која што цели највисоко што може, а МЃП посакува доволно бодови до крајот на шампионатот, за да има мирен финиш на истиот без страв од релегација.
„На почетокот на третиот круг имаме три тешки мечеви, но веруваме дека сме можеме да дојдеме до бодови. Што се однесува до самиот денешен протовник, тимот на Струга ТЛ, е доста квачитетна екипа, и не очекува тежом меч. Сепак, ние покажавме периодов дека знаеме, можеме да се надигруваме со квалитетни противници, па така ќе биде и денеска. Веруваме во наш квалитетен меч што ќе ни донесе позитивен резултат.
Струга ТЛ за нас не е енигма. Напротив, доволно сме запознаени со нивните квалитети, но и недостатоци, кои секоја екипа ги има па ќе се обидеме да ги искористиме. Што се однесува пак до нас, ние треба секако да поправиме некои аномалии во нашата игра во однос на мечот против Башкими, за кој мора да напоменам дека го одиграме некомплетни“, вели македонскиот младински репрезентативец, Матео Софијаноски.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Македонија ЃП се игра на Градскиот стадион во Струга со почеток во 12 часот.















