Во “македонскиот“ дуел во Словенија, во тамошната елитна фудбалска лига на крајот се радуваше Димитар Митровски. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на еден гол за Олимпија која на гостувањето кај Радомље, тим кај што тренер е Југослав Тренчовски, успеа да слави со 1:2.
Интересно и возбудливо беше на овој меч од 26.коло во тамошната лига.
Имено четата на Тренчовски поведе со 1:0 со голот на Мартинчиќ уште во 1.минута. Следуваше пресврт, прво израмни Митровски на 1:1 во таа спомената 69.минута за да во 84.минута Марин го постигна победничкиот гол за тимот од Љубљана.
Па така тагуваше Југо а се радуваше Диме во ова “македонско дерби“ во Словенија.










