Арда е најкреативниот играч во Лигата на шампионите оваа сезона

61

Оваа сезона, навивачите на Реал Мадрид имаат измешани чувства за настапите и формата на турскиот репрезентативец Арда Ѓулер. Турчинот ја започна сезоната брилијантно, но потоа сè помалку и помалку беше дел од стартниот тим. Но, статистички, тој и натами ума импресивни бројки.

Според последните анализи, Арда е најкреативниот играч во тековната Лига на шампиони, со креација на дури 29 можности за постигнување гол. Тоа оваа сезона не го направи ниту еден друг фудбалер кои играше во лигата на најдобрите. Зад Арда на оваа листа се наоѓа Олисе од Баерн (М) со 26 учества во шанси за гол, па колку што имаат и Мбапе, Јулијан Алварез и Грималдо од Баер (Л).

ПретходноЏенова со гостински триумф кај Верона
СледноНеверојатно, за Баерн во ЛШ ќе брани 16. годишно момче