Силекс без калкулации брка триумф над Пелистер во Кратово

42

На домашен терен во Кратово, Силекс ја чека првата победа во овој пролетен дел од сезоната. Третиот круг кратовскиот тим го стартува со домашен меч против Пелистер, и очекува, конечно, да го „скрши мразот“ пред своја публика оваа година.

Силекс го респектира противникот, а тренерот Александар Васоски вели дека неговиот тим ќе се бори со сите сили да дојде до трите бода на овој меч.

„Фокусот наш е и на првенството и на Купот. Во секој меч одиме без калкулации, секогаш на три бода. Сакаме да избориме излез во Европа, без разлика преку кое натпреварување е тоа, и ќе се бориме до крајот на првенството таа цел да ја исполниме“, рече Васоски.

Шефот на стручниот штаб на Силекс напоменува дека Пелистер е незгодна екипа, и дека позицијата на табелата нема да го залаже него и неговите фудбалери.

„Игравме пред десетина дена со нив. Станува збор за незгодна екипа, знае што сака, не игра лошо, и покрај тоа што позицијата на табелата е таква за нив како што е. Но, играме пред наша публика и ќе настојуваме да дојдеме до победа. Иако на домашен терен оваа пролет нешто не оди, не сакам да го обвинувам само теренот, и до нас е, мораме да се подобриме во таа концентрација во финишот, реализацијата, и еве се надевам дека од денеска па натаму ќе се промени тој тренд и ќе почнеме да победуваме и на домашен терен“, изјави Васоски.

ПретходноДали има заговор? Интер со сомнева дека случајот “Бастони“ е причината за судиските скандали!
Следно“Играчите на Арсенал со својот живот го бранат голот, затоа се пред освојување на титулата!“