Денешното 19. коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија, на програмата го имаше мечот помеѓу Пелистер и Гостивар кој битолчани го добија со 93:88.
Домаќинот имаше предност од плус шеснаесет поени во еден момент, 55-39, за да потоа Гостивар има добра серија во вториот дел и намали на 77: 69.
Иако во последната делница, Пелистер во поголемиот дел имаше плус десет сепак, во самиот финиш Гостивар дојде и на минус два, 90:88.
Сепак, домаќинот одигра сконцентирано во последните триесетина секунди и дојде до реално заслужениот триумф.
Кевин Брејси Дејвис го заврши натпреварот со 26 поени, додека кај гостинскиот тим се истакна Црниќ со 22 поени.










