Слот утре може да добие отказ, Робертсон вели дека се труди со сите сили

153
фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X)

По последното реми со Тотенхем на домашен терен, Ливерпул и натаму не успева да ја надмине кризата која ја влече цела сезона. „Црвените“ се мачат се повеќе, а утре ги очекува клучен меч за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Иако работите не одат глатко, Енди Робертсон уверува дека Арне Слот прави сè што може за да најде решение за проблемите.

„Тој остана смирен и се обиде да ги пронајде одговорите. Сите се обидовме да му помогнеме и сите работиме во иста насока. Притисокот е, секако, многу поголем врз сите нас во моментов бидејќи резултатите не се видливи. Тој очигледно е во поголем фокус отколку минатата година, а исто така и ние како играчи. Од нас зависи како ќе го поправиме ова. Сите сме доволно добри за да бидеме во Ливерпул, и треба да го покажеме тоа“, вели искусниот бек на Ливерпул.

Утре Ливерпул го пречекува Галатасарај, откако Турците го добија првиот натпревар со 1-0.

ПретходноХајдук се жали самиот на себе: Пољуд е руина, време е за нов стадион
СледноЛШ: Спортинг го направи „невозможното“, петарда во мрежата на Бодо (ВИДЕО)