Шабани: Со Шкендија ќе беше најдобро во финале, но и ова за нас е како финале

127

Екипите на Струга ТЛ и Шкендија денеска во реприза на четвртфиналето од 2021 година, ќе го одиграат четвртфиналениот меч од годинешниот Куп на Македонија.

По две последователни победи во првенството, Струга ТЛ ја очекува дуел со шампионот.

Капитенот Буњамин Шабани вели дека би сакал Струга Трим Лум и Шкендија да се сретнеа во големото финале, но некој мора да заврши со купот во оваа фаза.

„Сакавме овој натпревар да биде финале, бидејќи верувам дека ќе создаде многу добра атмосфера, но за жал судбината сакаше да се сретнеме во четвртфиналето. Натпреварите со Шкендија отсекогаш биле доста интересни и неизвесни до крајот, па затоа мислам дека посебни моменти можат да ја одлучат судбината на овој натпревар. Домашниот терен можеби е мала предност, бидејќи го знаеме теренот, но не мислам дека игра улога во оваа фаза со противник како Шкендија. Минатата година ние бевме тие што победивме и обезбедивме финале. Секако, имаме квалитет и сила да повториме нешто такво, сепак, мора да имаме предвид дека играме против квалитетен тим, па затоа мора да бидеме многу дисциплинирани во играта, за да ја постигнеме целта на крајот“, изјави Шабани.

Мечот меѓу Струга ТЛ и Шкендија е на програмата е денеска  од 14.30 часот во Струга. Победникот од овој меч во полуфиналето се среќава со Шкендија Арачиново, втората полуфинална двојка е Силекс – Охрид.

ПретходноМакедонија од денеска е комплетна, се приклучува капитенот Филип Кузмановски
СледноАшаданов: Ова е дел од процесот на градење на тимот