Ашаданов: Ова е дел од процесот на градење на тимот

71

Селекторот Александар Ашаданов има само пофални зборови за своите кошаркарки, без оглед на конечниот исход на средбата со Хрватска

„Пред стартот на овој квалификациски „прозорец“, во договор со федерацијата, направивме значително подмладување на репрезентацијата, со цел да изградиме тим кој ќе носи резултати во иднина.

Свесни бевме дека како млада екипа нè очекува тежок натпревар. Имавме добри моменти, а младите играчи покажаа карактер и борбеност, Сепак, во клучните ситуации недостасуваше искуство и концентрација“ – вели Ашаданов.

Додава дека ова а само некој прв чекор од процесот на градење на тимот:

„Од натпревар во натпревар девојките покажуваат сè подобра игра и докажаа дека заслужуваат шанса и доверба. Ова е дел од процесот на градење на тимот и верувам дека од ваквите натпревари ќе излеземе посилни. Продолжуваме да работиме и да се подобруваме“– најавува селекторот на сениорскиот национален тим.

ПретходноШабани: Со Шкендија ќе беше најдобро во финале, но и ова за нас е како финале
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: В.Ј. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 5.963.476  ДЕНАРИ