Тензијата околу учевството на Иран на претстојниот Мундијал, во САД, Мексико и Канада следното лето сеуште е присатна. Преписки, изјави и натегања има од девте инволвирани страни, ФИФА е категорична дека промени нема да има, а иранците контсантно се обидуваат да најдат начин како сето ова да биде изведено.
Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, даде важна изјава во врска со учеството на земјата на Светското првенство. Тој категорично ги негираше шпекулациите дека тимот нема да патува на турнирот, но во исто време им постави сериозен ултиматум на организаторите.
„Ќе ги бојкотираме Соединетите Американски Држави, но нема да го бојкотираме Светското првенство“, рече Таџ.
Иран и натаму без пореметувања во распоредот се подготвува и следната недела има закажано две пријателски средби. Против Костарика и Нигерија на 27. односно 31. март.










