Полувреме: Арсими со водство против Вардар, МЃП – Шкендија 0:0!

113

Завршија првите полувремиња од денешните два меча од 24.коло во ПМФЛ, на кој играат аспирантите за титулата, Вардар и Шкендија.

Арсими – Вардар 1:0 и тоа со прекрасниот гол на Гони во 43.минута.

Спахиу и Велковски имаа свои шанси да му донесат предност на Вардар, но голманот Силјановски остана несовладан. На другата страна Гафури се закако по голот на Талески. И тогаш Шпанецот Гони донесе радост за домашните во таа 43.минута.

Во Ѓорче Себастијан Спахиу имаше три големи шанси да донесе водство на Шкендија, едната беше зицер ситуација, но сепак тетовци не успеаја да погодат. Свои шанси имаа и “лавовите“ преку Пецов и Николиќ, но голманот Гаје со фантастични интервенции ја спасуваше Шкендија.

ПретходноКонте: Ги гледаме оние пред нас, но не даваме празни ветувања!
СледноВелбек го „угаси“ Ливерпул