Прекин во Гевгелија и победа на Кожув против МЗТ Скопје

192

МЗТ Скопје го запиш вториот пораз оваа сезона, овој пат на гостински терен кај Кожув каде беше совладан со 88-80 во натпревар од 20. коло во Супер-лигата.

Овој дуел требаше да заврши порано, но истиот беше прекинат во третата четвртина, откако во салата „26 април“ на трибините влетале навивачи на гостинскиот тим. Па после подолга пауза двата тима се согласија да продолжат со мечот.

За МЗТ Скопје ова е прв пораз оваа сезона на домашна сцена, заработен на терен, првиот беше порази невнимателност на тимот против Ангели која во пријавната листа немаше играч кој влезе на терен.

Кога сме кај мечот, гевгеличано од стартот најавуваа дека имаат намера да дојде до целиот плен. Отворија со 13-2, на одморот МЗТ Скопје беше во негатива од само три поени (44-41), најава дека нема да дозволи мечот да биде решен пред време. Но, во продолжение домашниот состав успеа да остане цврсто на нозе, во третата четвртина водеше со 63-52 и 66-55. Највисокото водство го имаше на стартот на последниот период од 13 поени (73-60). До крајот победи поголемата желба и Кожув сосема заслужено се радуваше на победата.

ПретходноЕврогол на Павловиќ, Милан славеше прoтив Торино (ВИДЕО)
СледноНова шлаканица за Челзи: Санчез се посрамоти, Евертон славеше (ВИДЕО)