“Специјалниот“ е човек со големо срце: Солзите на Мурињо!(ВИДЕО)

253
Фото: Бенфика Х

Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека е голем човек, дека е човек со големо срце и човек кој е голем емотивец. Имено вчера пред мечот со Виториа, на „Луж“ во Лисабон со една минута молк му беше одадена почит на починатиот Силвино Лоуро, долгогодишен соработник на Мурињо како тренер на голманите. Лоури му беше помошник на Мурињо речиси во сите клубови каде што тој беше шеф на струката, воедно му беше и голем пријател. Заедно освоија многу трофеи.

Емоциите се насобраа кај “Специјалниот“ кој едноставно, видно потресен, не можеше да ги сопре солзите.

Ова го прави само човек со големо срце.

Да кажеме дека на овој меч Бенфика успеа да победи со 3:0.

ПретходноИталија со изменет состав ќе не пречека во Емполи
СледноМеси и Аргентина ќе играат пријателски меч со Замбија