Уште една одлична партија на ракометната селекција на Србија предводена од Раул Гонзалез, некогашниот стратег на Вардар со кој ја освои титулата во ЛШ 2017 година и некогашен селектор на Македонија. Неговите избраници денеска на гости лај Литванија, во реваншот од претквалификациите за пласман на СП 2027, славеа убедливо со 24:33, па ако се знае дека на првиот меч во Ниш беше 42:25 за Србија, тогаш јасно е која селекција си закажа главен бараж и тоа против Унгарија. Исто така јасно е дека Раул и неговите избраници против силните Унгарци влегуваат со јасна цел, а тоа е победа и пласман на СП 2027.
И денеска Србија си го искажа сиот свој квалитет во однос на немоќните Литванци. На полувреме беше 10:15 за да потоа се беше само рутинско одработување на задачата што би се рекло.
Дарко Ѓукиќ, ракометарот на Охрид беше најефикасен со 9 постигнати голови, Илиќ реализираше шест.
Кај домашните најефикасен беше Урвикис со шест голови.










