Македонската ракометна репрезентација против Словачка ќе бара нов пласман на едно големо натпреварување, овој пат крајната цел е Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.
Првиот меч се игра на гостински терен 13/14 мај, додека реваншот кој ќе се игра во Скопје ќе биде на 16/17 мај.
Најдобриот стрелец на Словачка на вториот меч Јурај Бријатка, го анализираше реваншот со Украина, кој неговата селекција го загуби со еден гол, но сепак обезбеди место во бараж мечот за СП.
„Во првото полувреме, нашата централна одбрана беше многу лоша, примавме голови од скокови и не можевме доволно да се наметнеме во нападот. Во првото полувреме изгледаше катастрофално, противникот напредуваше во тој момент и на полувремето си рековме дека не може да продолжи вака, особено пред домашните навивачи. Македонија ќе биде фаворит во финалето на плејофот, мора да се подготвиме одговорно и да се бориме. Таквата изведба нема да биде доволна таму“, рече Бријатка кој постигна осум гола.










