Роберо Гарсија Парондо во изминатиот период е топ тема кога станува збор заа трансфер листата. Шпанскиот стратег, кој му ја донесе втората титула на Вардар во Лигата на шампиони стана мета на неколку клубови.
Покрај ПСЖ за кого се погласно се зборува дека би можел следната сезона да ја превземе клупата, во трка за Парондо се и двата унгарски тимови. Неофицијално Пик Сегед и Веспрем се еднакво заинтересирани за услугите на Шпанецот, кој во овој момент е тренер на Мелсунген и со кого ќе игра 1/8 финале во Европската лига.
Парондо го водеше Вардар во периодот од 2018 до 2019 година.
View this post on Instagram










