ГРК Охрид на мегдан со Олимпијакос во „пеколна“ атмосфера!

435

Екипата на ГРК Охрид денеска го игра првиот четвртфинален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим е гостин на Олимпијакос, дуелот се игра во Атина во салата „Илиуполи“ со почеток во 16 часот. И двете средби ќе се играат без присуство на гостински фанови.

Но, пред денешната средба провокациите на изостанаа, наместо во салата каде денеска ќе се одигра натпреварот, како што тоа е правило пред европските натпревари, домаќините го испратија Охрид да тренира во „балон“.

Охриѓани лесно стигнаа до четвртфиналето, па Олимпијакос ќе биде вистински тест за нинвите можности и квалитети.

„Веќе ја анализираме екипата на Олимпијакос и се подготвуваме тактички за натпреварот. На секоја позиција имаат добар играч, на секој мораме посебно да обрнеме внимание. Нашите очекувања се да го дадеме максимумот на првиот натпревар, за дома да биде што полесно. Вториот натпревар среќа е што се игра на домашен терен, многу полесно за подготовка на екипата, играме пред своите навивачи. Очекувам дека салата ќе биде полна до последно место и мислам дека тоа ќе ни даде ветар во грб. Се подготвуваме добро за нивната бековска линија од каде има најголема опасност, на секоја бековска позиција имаат вонсериски играч. Ќе пробаме да го затвориме најсилното оружје и со тоа да победиме на натпреварот“, изјави левиот бек на ГРК Охрид, Стефан Петриќ.

Реваншот е во СРЦ „Билјанини Извори“ на 4 април од 18:00 часот.

ПретходноСензационалниот тинејџер славеше во Јапонија и го презеде водството во генералниот пласман!
СледноРеал Мадрид е потресен од финансиски проблеми