Јакимовски солиден во победата на Тренто на гости кај Венеција

69
ФОТО: Aquila Basket Trento/FB

Андреј Јакимовски попладнево имаше солидна партија во победата на неговиот Тренто на гости кај Венеција со 87:106. Еден од најдобрите македонски кошаркари во моментов, на овој меч од 24.коло во елитната кошаркарска лига на Италија, на паркетот мина 27 минути, и притоа постигна седум поени, имаше и три скока и две асистенции.

Инаку ова беше десетта победаза Тренто сезонава и моментално се наоѓа на осмата позиција на табелата.

Со оглед како игра Македонецот оваа сезона, ништо чудно на лето да направи трансфер во некој голем клуб во Европа.Веќе наголемо се говори дека Валенсија, некошниот клуб на Ненад Димитријевиќ и тоа како е заинтересиран за македонскиот репрезентативен бек.

ПретходноАлекс, засекогаш ќе бидеш – Херојот од Палермо!
СледноФото за историја на ГРК Охрид од Атина!