Веќе се наѕира противникот на Вардар 1961 во 1/4 финалето во Европската лига

373
Фото: Монпелје Фејсбук

Вечерва се одиграа првите натпревари од осминафиналето во Европската лига, а за македонската јавност, особено за Вардар 1961 во фокусот е еден дуел. Станува збор за средбата помеѓу Монпелје и Елверум, победникот од овој двомеч ќе игра четвртфинале против „црвено-црните“.

Веќе по првата пресметка е јасно дека противник на Вардар 1961 ќе биде Монпелје, бидејќи на домашен терен го победи Елверум со убедливи 36-24.

Позитивата од 12 гола ќе биде доволна за да францускиот тим ја одбрани на реваншот.

ПретходноПовредата е минато: Роналдо се враќа на терен!
СледноМеч за заборав во Даблин, добро е барем што не загубивме! (ФОТО)