Ирак е последниот учесник на СП 2026, познати комплетните групи

326
фото: ESPN Centroamérica (X)

Со одигрувањето на последните бараж натпревари доцна синоќа, комплетиран е списокот на сите 48 учесници на Мундијалот. Ирак ќе игра во финалната фаза од Светското првенство во 2026 година, откако синоќа ја победи репрезентацијата на Боливија (2:1) во финалето од меѓуконтиненталните плеј-оф натпревари за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Победничкиот гол го постигна 30-годишниот напаѓач Ајмен Хусеин во 58-та минута. Ирак ќе се појави на Светското првенство по вторпат во својата историја и за првпат од 1986 година, кога ги загуби сите три натпревари во групната фаза.

По ова се одредени сите учесници  на Светското првенство. Претходно и ДР Конго обезбеди „виза“ за СП со победата над Јамајка со 1:0.

Група А:  Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, Чешка.

Група Б: Канада, Босна и Херцеговина, Катар, Швајцарија .

Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска.

Група Д: САД, Парагвај, Австралија, Турција

Група Е: Германија,  Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор.

Група Ф: Холандија, Јапонија , Шведска, Тунис .

Група Г: Белгија, Египет, Иран,  Нов Зеланд.

Група Х: Шпанија, Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај .

Група I: Франција, Сенегал, Ирак, Норвешка.

Група Ј:  Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан .

Група К: Португалија,  ДР Конго, Узбекистан, Колумбија.

Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама.

ПретходноСтанковски: Не може секој меч да се победи, важно е да се дава се од себе
СледноЦела Босна „гореше“ по пласманот на СП, фудбалерите пречекани пред 100.000 навивачи (ВИДЕО)