Покрај интернационалците, одлична промоција на македонската одбојка периодов даваат и официјалните лица кои носат значка на ЦЕВ.
Македонскиот делегат Симон Џинес, синоќа беше дел од судискиот колегиум на реванш натпреварот од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите во машка конкуренција меѓу Зират Банккарт и Асеко Решовија, кој се играше во Анкара. Турскиот претставник славеше со 3:0 на овој дуел и го потврди пласманот на Ф4 турнирот во елитното клупско натпреварување.
Џинес му додели награда за најкорисниот играч на натпреварот, Абдел Азиз Нимир.










