Жарко Пешевски не мрда од Битола

139

Македонскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски е новиот ракометар со кого Пелистер ја продолжи соработката. Раководството на актуелниот првак и Пешевски потпишаа договор на уште една сезона.

„„Срцето“ на нашиот проект и во иднина ќе бидат квалитетни македонски репрезентативци, кои и, како и во цела наша историја, ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Во тој правец со гордост го објавуваме потписот на нов договор на кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со нашиот клуб ќе продолжи и во иднина.
Неговото доаѓање во Битола се поклопи со трофејниот период и растот на клубот. Затоа заедно ќе водиме нови предизвици и ќе освојуваме нови трофеи во иднина“, соопштија од таборот на Пел
Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, репрезентативниот пивотмен настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.
ПретходноСтојанче Стоилов ќе биде нов тренер на Бутел Скопје
СледноЕдна од најтажните објави на Роберт Левандовски