Денеска со дуелот Башкими – Тиквеш по двонеделната репрезентативна пауза повторно се активира ПМФЛ шампионатот. На програмата е 25. Коло, а истото ќе стартува со дуелот во Куманово помеѓу екипите на Башкими и Тиквеш.
Башкими е екипа која што сезонава ја игра добро, но знаеше пролетва да направи кикс пред своја публика со поразите од Брера и Работнички на пример.
Од друга страна пак Тиквеш има супер пролетна етапа со шест победи на осум средби. Од претендент за опстанок, тимот од Кавадарци се искачи дури на петтата позиција на табеата.
„Нормално дека нашата позитивна серија пролетва сакаме продолжи и денес. Башкими е квалитетен, но Тиквеш пролетва одигра максимално против секој противник, а така ќе биде и денеска“, велат од Кавадарци.
Домаќините влегуваат во овој дуел со „полна пареа“ по епскиот триумф над Шкупи (3-2). Таа победа со пресврт не само што донесе три бода, туку му вбризга огромен мотив на составот на Башкими, кој сега е решен да го потврди својот статус во елитата и конечно да побегне од зоната на опстанокот кон сигурната средина.
Столбот на средниот ред, Бејзад Лимани, е оптимист пред денешниoт предизвик.
„Ова е клучен момент за нас. Паузата дојде во право време за да ги наполниме батериите. Горд сум што го носам овој дрес и што се борам за мојот град. Со поддршката од нашите верни ‘Илири’ од трибините, верувам дека ќе го скршиме отпорот на Тиквеш и ќе ги грабнеме трите бода за мирен сон во средината на табелата,“ нагласи Лимани.
Традицијата е на страната на кумановци. Во досегашните пресметки помеѓу овие два тима (во првенството, Купот на Македонија или пријателски средби), Башкими историски е поуспешен со 5 победи наспроти 2 на Тиквеш.















