Екипата на Пелистер утре во рамките од 25. коло од ПМФЛ шампионатот, гостува во Тетово, кај актуелниот шампион Шкендија.
Тренерот Мане Секуловски ќе има деби на клупата на Пелистер, по кам бекот на неа. Тој го замени Милан Стојановски, во обид да ги поправи нештата во Битола до крајот на шампионатот.
„Добро работиме во изминатите 10 дена и задоволен сум од ангажманот на играчите. Првиот натпревар ни е против Шкендија и во овој период се обидовме да поставиме работи што ќе ни бидат корисни за утрешниот дуел. Имаме максимален респект за противникот — нивните резултати во првенството, Купот и особено во европските натпреварувања зборуваат сами за себе. Ние ќе се обидеме да одиграме максимално сконцентрирано и да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат.“ – изјави Секуловски пред утрешниот меч.















