Пелистер 2 се разигра во второто полувреме и ја декласира Струга!

38

Ракометарите на Пелистер 2 денеска во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во меч од плеј-аутот во Суперлигата ја декласираа Струга со 38:22. Ова беше нивна втора победа во плеј – аутот.

Интересно е тоа што првото полувреме заврши 15:15, па така ретко кој очекуваше дека второиот дел битолчани ќе го добијат со +16 голови разлика.

Домашните тргнаа со +3, а потоа разликата само ја билдаа. Гостите се чини како да немаа сила да се носат со битолчани и прашање беше само со колкава разлика на крајот Пелистер 2 ќе го заврши мечот.

Белистојановски со 8 голови од 8 обиди имаше одлична партија кај победничкиот состав, Баптист запиша осум голови, додека кај гостите најефикасен беше Костов со седум погодоци.

ПретходноСтојчевски ќе и суди на Шкендија, Ќерими на Вардар!
СледноБраво деца: Блескав настап на ФК Водно на “Овиедо Куп“ во Шпанија! (ВИДЕО)