Басконија го “тресна“ Реал, Олимпијакос едвај до победа со Асвел!

47
ФОТО:x.com/EuroLeague

Вечерва се одиграа последните три меча од 35.коло во Евролигата. Најинтересно беше на мечот Басконија – Реал Мадрид кој на крајот го добија домашните кошаркари со 98:96 и тоа во еден крајно драматичен меч. “Кралевите“ сами си се победија, од готово направија вересија па така на крајот Серџио Скариоло мораше да му честита на домашниот состав.

Кабаро кај победничкиот тим постигна 26 поени, а Симонс и Дијаките по 21. Кај гостите Факундо Кампацо заврши со 21 поени.

Валенсија славеше кај Виртус на гости со 81:94.

Со победата против Асвел на гости со 74:82, сега Олимпијакос е лидер на табелата на три кола до крајот. И на овој меч Везенков со 23 поени беше најдобар кај победничкиот состав.

Претходно„Тресе ли тресе“: Роналдо со два гола вечерва стигна до бр.967 во кариерата!
СледноПСЖ ја доби “генералката“ со Тулуз пред дуелот со Ливерпул во ЛШ!