Вардар нема друга опција освен да победува, Македонија Ѓ.П не е во состојба да губи

323

Ако си лидер на прволигашката табела, и ако имаш амбиција да бидеш шампион, а згора на тоа веќе си ја понел таа титула на полусезоната, тогаш секое твое излегување на терен значи и автоматско задолжително освојување на трите бода. Тоа не е лесен товар, да се носи, особено не во ПМФЛ шампионатот, исклучително специфично и тешко првенство за играње.

Токму затоа, тимот на Вардар, лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, денеска како и во изминатите, 24. Кола има задача да победи овојпат во домашни услови, на Арената Тодор Проески.

Таму, од 15:30 часот ќе го одигра скопскиот дуел против тимот на Македонија ЃП во пресметка која што на едната страна значи продолжување на лидерскиот и можен шампионски од, додека на другата страна продолжување на евентуалниот прволигашки живот.

Нема дилеми дека Вардар е фаворит на овој меч, но далеку од тоа дека ќе има лесна задача. Онаа познатата, „сите сакаат да го победат Вардар на Арената“, е добро позната, и важи и за денешниот дуел.

Македонија ЃП во моментов не е во состојба да губи. Не смее тој луксуз да си го дозволи затоа што на клубот ќе му се случи најлошото. Ќе испадне од лига.

„Никој не би сакал тоа да се случи. Ниту пак помислуваме на таков развој на настаните. Нема друга опција за нас, туку само борба до крај. Македонија ЃП ќе се бори до крај. На секој меч, на секој терен, против секој противник“,  вели искусниот Филип Стојчевски.

 

ПретходноДен за историја во Охрид: Нема да дозволиме да не изненадат, посакуваме ракометен сепктакл
СледноФетаи: Мора да бидеме максимално фокусирани и да не го потцениме Пелистер