На стартот на денешната ПМФЛ програма, во рамките од 25. коло, тимот на Пелистер гостува во Тетово, кај актуелниот шампион, тимот на Шкендија.
На полувреме резултатот е 1:1, откако битолчани дојдоа во водство во 37. минута. Убава акција од десно во која учевствуваа повеќе гостински фудбалери, ја донесе топката со Спировски кој што беше осамен на „втора“ и кој што рутински од прва пласираше во мрежата на Гаје.
Сепак, домаќинот израмни пред полувреме. Зејнулаи одлично го проигра Ибраими кој што изби лево одкосо во шеснаесетникот на Пелистер, а се знае дека ветеранот вакви ситуации не пропушта. Пласира ниско неодбранливо за реми по 45. минути во Тетово.















