Второлигашкиот шампионат на Македонија од денеска доби една сосема нова димензија. Дури три екипи се на самиот врв со по 52 бода. А тоа се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново, додека Скопје има 50 бодови.
Целата оваа невидена „збрка“ ја предизвикаа штипјани кои што денеска победија во големото дерби против Скопје на Автокоманда со конечни 0:1.
Стрелец на единствениот гол беше Талески во 41. минута, а потоа домашните не успеаа резултатски да се вратат.
По мечот нормално победничка фотографија на Брегалница која несомнено е фото на колото во оваа конкуренција.










