Ројевиќ по победата на дербито: Два бода за Европска лига!

285
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

По денешната победа во Битола, тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ ја потенцираше желбата на момците да слават на еден ваков дерби дуел.

„Прво, да сакам да им честитам на момците за извонредната борба, посебно во второто полувреме. Во првиот дел бевме во грч, но во вториот дел трчавме повеќе и дававме повеќе голови. Одигравме одлично. Честитки за Еурофарм Пелистер за фер и коректната игра, игравме во убава атмосфера, убав амбиент од 4.000 гледачи. Нам овие два бода многу ни значат затоа што сакаме што побрзо да обезбедиме место во Европската лига и да се свртиме кон Европскиот Куп каде не чекаат обврски. Сигурно дека ваквите победи ни ја креваат самодовербата пред двомечот со Целје“, изјави Ројевиќ.

ПретходноРаботнички и Јанта Волеј потврдија место во полуфиналето на плејофот
СледноЛШ Полувреме: Атлетико ја начна „поцрвенетата“ Барса, Дуе за водство на ПСЖ (ВИДЕО)