Грчевски после поразот од Германија: Покажавме дека можеме да играме против секого!

134

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување во претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство. Германија и кога не е комплетна е фаворит против Македонија, на домашен терен беше поразена со 27-35.

Иако нашите ракометарки имаа шанси да загубат со помала негатива, а со тоа да направат важен чекор кон заверка на местото на континенталниот собир, сепак селекторот, Кристијан Грчевски е задоволен од она што го виде на терен.

„Многу сум горд на моите девојки бидејќи играа добро на овој натпревар. Се справија со голем притисок и дадоа се од себе. Многу сум задоволен од тоа како играат девојките, бидејќи покажуваме дека имаме потенцијал да играме против секого“, изјави Грчевски после мечот.

Македонија е на пат кон Словенија каде на 12. април ќе го одигра последниот меч од овие квалификации, а дали ќе се најде на ЕП ќе биде познато по завршување на истиот.

ПретходноПоранешниот тренер на Пелистер ќе биде селектор на Алжир
Следно„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ТИМСКА СТАТИСТИКА ПО 22. КОЛО: Добрите бројки го поставија Пелистер на третото место