ТИМ И ИГРАЧ НА 26. КОЛО: Красниќи блескаше, Шкендија славеше на ФФМ

125

По поразот од Пелистер дома во меч од 25.коло, шампионот мораше, ама баш мораше по секоја цена да дојде до победа на гости кај Работнички. Во натпревар кој се одигра на ФФМ, Шкендија успеа да победи со 0:3 и тоа најмногу благодарение на двата гола на Ендрит Краниќи кој беше убедливо најдобар на теренот, со што ја запре победничката серија на клубот од Дебар Маало. Токму затоа според „СпортСпорт“ офанзивниот играч за врска на тетовци е играч на ова 26.коло.

Покрај него во тимот на колото се и Вебстер и Тамба (Шкендија), Јовчевски и Гроздановски (Пелистер), Аризанковски (Брера), Пиреш и Алиќ (Силекс), Јусуфи (Арсими) и Малески (Струга ТЛ).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЕНДРИТ КРАСНИЌИ

Тим: Шкендија

Роден: 26.10.1994

Кариера: Приштина, Дрита, Сухарека, Шкендија

ПретходноНов пораз на Македонија на БЏК купот
СледноСупер-деби на Јасухира, Охрид го прегази Тиквеш