Бранителот на титулата, Карлос Алкараз, го декласираше Александар Бублик со 2:0 (6:3, 6:0) за еден час и три минути и лесно се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Шпанецот беше убедлив против Казахстанецот, кој не беше достоен противник во
Светскиот рекет број еден направи три брејка во двата сета, но загуби еден сервис во првиот сет. Алкараз утре ќе игра во полуфиналето на првиот Мастерс турнир на земјена подлога во сезоната.
И италијанскиот тенисер Јаник Синер лесно се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасиме со 2-0 (6-3, 6-4) за еден час и 33 минути. Италијанецот рутински го продолжи својот марш кон нов трофеј и враќање на врвот на АТП листата. Во полуфиналето, Синер ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој претходно го победи Бразилецот Жоао Фонсека со 2:1, во сетови 7:5, 6:7 (3:7), 6:3.










