Екипата на Т.Пролет не им дозволи на прилепчани комотно да се прошетаат во Скопје, на домашен терен славеше со 31-28 (19-9) и остана непоразен по три кола во Супер-лигата.
Избраниците на Андон Бошковски ја оправдаа улога на фаворит уште на самиот старт, дуелот го отворија со 7-2, за брзо време поведоа и со двоцифрени 15-5. На другата страна гостите беа немоќни. Пред одморот Пролет имаше и највисоки 19-8.
Не се промени ништо на теренот ниту во вториот дел. Немаше опасност за Пролет, но прилепчани на момент покажаа дека можат повеќе, со серија од 5-0 дојдоа на 24-20. Негативата од првиот дел на крајот беше клучна, тешко можеше да се надополни изгубеното.
Палевски со осум гола беше прв стрелец, еден помалку имаше Аларов, во редовите на Прилпер Шокоски реализираше осум гола.