Во Белград денеска погребан Душко Вујошевиќ

252

Со медиумска посветеност каква што доликува и стотици членови на семејството, пријатели, кошаркарски работници, општествени работници, и сите оние кои што сакаа да му оддадат последна почит на кошаркарскиот великан Душко Вујошевиќ денеска присуствуваа на неговиот погреб во Белград.

Вујошевиќ по долго боледување почина пред неколку дена, и неговото испраќање привлече огромно внимание.

Тој едноставно и го заслужи ова, а во периодот кој следи навистина ќе се почувствува неговата големина, и придонесот кој што го имаше во српската, европската и светската кошарка.

Вујошевиќ дефинитивно е еден од великаните на кошарката кај нашиот северен сосед и заслужи светот да се прости од него на ваков начин.

https://mondo.rs/Sport/Kosarka/a2214049/dusko-vujosevic-sahrana.html

 

 

 

Претходно“МТЕЛ“ СУПЕРЛИГА: Рикиќ е најдобар меѓу најдобрите во 1.коло од доигрувањето!
СледноЕлион Имери игра за Шведска но е опција за Македонија