Ковентри испиша историја… по 25 години повторно во Премиер лигата

81

Со ремито на гостувањето кај Блекбурн од конечни 1:1, екипата на Ковентри обезбеди услови за влез во ранг погоре, и Чампионшип дивизијата, да ја замени со Премиер лигата следната сезона.

Овој успех на легендарниот англиски тим, се случува во 25 години апстиненција од најсилната англиска фудбалска конкуренција. Бодовната разлика со третопласираниот Милвол во моментов е доволна Ковентри да се радува на историски пласман.

Под водство на исто така легендарниот Френк Лампард, Ковентри следната сезона ќе се обиде да направи исчекор, и да одигра добро во Премиер лигата.

Најголемиот успех пак на овој клуб е освојувањето на ФА купот во далечната 1986/87 сезона.

ПретходноМалешевиќ: Сакаме да му се реваншираме на Кожув
СледноЛиверпул ќе го врати Цимикас на лето од Рома