Супер вести за Лејкерс: Лука се враќа до крајот на април

126
Фото: ЛА Лејкерс Х

Словенечката кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ, полека се рехабилитира во Шпанија, од каде што доаѓаат добри вести за ЛА Лејкерс. Според инсајдерот Јован Буха, враќањето на Лука треба да се очекува меѓу третиот и четвртиот натпревар во серијата.

„Обично, повреда на тетивата од втор степен трае од три до шест недели. Постои можност да се врати на средина од серијата. Значи, идејата е дека би можел да се врати меѓу третиот и четвртиот натпревар, но без брзање“, откри инсајдерпт на Лејкерси за Си-Ен-Ен.

Ова значи дека Дончиќ би можел да се врати на теренот до крајот на месецот, најверојатно за четвртиот натпревар во серијата, кој ќе се игра на 27 април во Хјустон, но сите во клубот се свесни дека неговото враќање не значи максимален напор.

ПретходноМартин Алаѓозовски си поднесе оставка во Брера!
СледноПМФЛ: Работнички го победи Арсими и остана ЖИВ во битката за опстанок!