Екипата на Партизан со конечни 81:74 ја доби АБА пресметката против вечниот ривал, екипата на Црвена Звезда.
Во Белградската Арена, преполна и со прекрасна атмосфера, номиналниот домаќин успеа овојпат да биде подобар во дуел во кој во поголемиот дел водеше односно имаше предност.
На крајот имаше мини трилер завршница, но далеку од оние какви што сме гледале помеѓу овие два ривали.
Партизан сега со 45. поени е прв по 24 кола, пред тимот на Дубаи кој има два поени помалку но и меч помалку. Звезда е на делба на третата позиција со поен помалку.










