Во ТФТ не се предаваат: Имаме уште еден меч во Скопје, ќе направиме сè за да победиме

223

ТФТ не успеа да приреди изненадување на првата финална пресметка во АБА2-лига, беше убедливо поразен од Широки со 88-69. Избраниците на Боро Смилковски одиграа две различни полувремиња. Во првото беа на ниво на задачата, додека веќе во второто полека го губеа ритамот.

„Честитки за заслужената победа за Широки. Во првото полувреме игравме добра кошарка, во второто полувреме малку паднавме и го изгубивме фокусот. Не бевме концентрирани, особено на чувањето на Трис, а публиката се разбуди, што беше одлично. Можеби на крајот резултатот не е реален, но тоа не ја намалува победата на домашниот тим. Имаме уште еден натпревар во Скопје и ќе направиме сè за да победиме“, изјави Смилковски.

Мечот во Скопје е закажан за 29 април.

ПретходноНБА му ја додели наградата на Шеј, а тој продолжи да „мели“ (ВИДЕО)
СледноПриведен е поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини! Се сомничи за проневера на 700.000 евра