Ц. Звезда ќе бара 30 милиони евра: “Македонецот“ Костов е трансферна цел на Арсенал, Барселона и Баерн Минхен?!

188
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

На повидок е мега – трансфер. Имено Василије Костов, мега – талентот на Ц.Звезда, кој веќе има настапи и за А-репрезентацијата на Србија, по потекло е Македонец, иако има само 17 години, е пред историски трансфер.

Црвена звезда планира да земе 30 милиони евра од трансферот на Василије Костов, а како што стојат работите, планот на лидерот на клубот, Звездан Терзиќ ќе се оствари. 17-годишната ѕвезда е посакувана од вистински европски гиганти. Три тима се моментално во игра, и тоа Арсенал, Барселона и Баерн Минхен.
Звезда веќе ги одби 20 милиони евра понудени од Арсенал. Тие сакаат барем уште неколку милиони, по можност 30, и се чини дека би можеле да ја прифатат таа бројка. Гигантите се луди по талентираниот српски фудбалер. Почнува последната битка за неговиот потпис и ќе видиме каде овој тинејџер ќе ја продолжи кариерата.
Она што е сосема јасно е дека тоа ќе биде најголемиот излезен трансфер од Србија во тамошниот фудбал. Моменталниот рекорд го држи Вељко Милосављевиќ, на кого Борнмут на Звезда и плати 15 милиони евра минатото лето. Костов затоа станува апсолутен рекордер. Останува само тој да го избере клубот каде што ќе игра и изборот сигурно не е лесен.
Младиот фудбалер ја искористи довербата што му беше укажана оваа сезона. Одигра 41 натпревар и има учинок од 14 гола и седум асистенции.
Тој е важен фактор во Звезда долго време. На 17 години доби статус на главен играч, а неговите игри се нешто навистина посебно.
Затоа не е ни чудо што редовно добива повици во А-репрезентацијата на Србија. Досега го носеше дресот на „Орлите“ само еднаш, но тој е иднината на српскиот фудбал и дефинитивно ќе биде дел од тимот во наредните години.

ПретходноМарк Маркез победи во спринтот на патеката во Херез!
СледноРК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Монпеље!(ФОТО)