Фулам ја победи Астон Вила на својот „Крејвен Котиџ“ со резултат 1:0, во натпреварот од 34-то коло од англиската Премиер лига.
Со 48 бода, клубот од Лондон ја гледа својата шанса да се квалификува за Европа, додека Вила е сè уште четврта со 58 бода, учеството на тимот на Унаи Емери во елитното натпреварување не е доведено во прашање.
Иако тимот од Бирмингем го чека полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа против Нотингем Форест во четврток, Емери денес не калкулираше, го постави најсилниот состав, гледавме отворено прво полувреме, имаше добри ситуации пред секој гол, а во таква игра подобро се снајде Фулам, кој постигна гол во 43-та минута преку Сесењон. Возбудувања имаше во продолжението, Астон Вила тргна напред, имаше две одлични шанси, но сепак на крајот мораше да го признае поразот.










