ПМФЛ: “Лавовите“ не се предаваат, Работнички на колена во Ѓорче! (ФОТО)

172

Македонија ЃП – Работнички 2:1 е резултатот од попладневниот меч од 29.коло во ПМФЛ. Меч кој беше директна пресметка за избегнување на најлошото, меѓу градските ривали и некогашни шампиони. На крајот победи Македонија ЃП која сега има 27 бода и натаму е претпоследна, Работнички остана на 28, а “безбедниот“ Пелистер на деветата позиција има 29 бода и меч помалку.

Убав, отворен меч со многу шанси на двете страни. Стрелци на головите беа Кабаркас и Џангаровски за домашните, посебно убав беше овој вториот, додека за Работнички за 2:1 стрелаше Мухарем.

Мечот почна и тоа како супер интересно. Уште во 2.минута домашните погодија за 1:0 и тоа преку Кабаркас. Само две минути подоцна Софијановски можеше да го удвои водството, но не успеа. Во 14.минута супер шанса за гостите, Мухарем од зицер ситуација не го погоди голот на Јанков. Се играше 22.минута кога Лазаревиќ од корнер ја погоди пречката на гостите, а една минута подоцна и Софијановски ја погоди стативата на гостите. Во тие моменти Работнички имаше многу среќа. Работнички своите шанси ги пропушти по ударите на Талаков и Манојлов, но сепак на пауза се замина со 1:0 од 2.минута.

И второто полувреме започна со отворена игра од двете страни. Во 48.минута гостите преку Николовски за малку ќе израмнеа, а во следната минута и домашните се заканија преку Галевски, а потоа Џангаровски имаше зицер за 2:0, следуваше заканата и на Николиќ, но и натаму резултатот беше 1:0 за Македонија ЃП.

Затоа во 63.минута 2:0 за домашните тоа со прекрасниот гол на Џангаровски,кој има само 16 години и ова беше негов деби гол во ПМФЛ. Заслужено водство.

И ова не беше се од овој возбудлив меч. Мухарем во 68.минута убаво се снајде во казнетиот простор на домашните и постигна гол за 2:1. Тоа им даде крилја на гостите кои тргнаа на се или ништо. Имаа и супер шанси двапати преку Манојлов, но останаа тие 2:1 за “лавовите“.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

ПретходноКаков спектакл: Ова го може само Баерн – од 0:3 до победа од 4:3!
СледноВМФЛ: Лидерот убедлив, победија и Охрид, Скопје и Шкендија (А), Осогово во Прилеп броеше до 8!