Англискиот нисколигаш Форест Грин, кој веќе е познат како „целосно вегански клуб“, беше обвинет за исфрлање од трибините на нивниот стадион на еден гостински навивач од екипата на Моркамб, само затоа што внесол сендвич со сланина?!
Видеото со навивачот на Моркамб стана вирално, но од Форест Грин реагираа дека информацијата не е точна. Тврдењата дека еден навивач на гостинскиот терен бил третиран како парче месо од страна на редарите затоа што протнал сендвич со сланина беа демантирани од домашниот клуб.
„Свесни сме за видеото кое циркулира на интернет по нашиот натпревар против Моркамб вчера. Спротивно на мислењата и мудроста на социјалните медиуми, исклучувањето немаше никаква врска со сендвичот со сланина, туку повеќе малку со „претераната возбуда“ на навивачот. По повеќекратните предупредувања, на стјуардите не им остана друг избор, а господинот беше исфрлен од стадионот“, напишаа од Форест Грин.
🇬🇧🚨 REINO UNIDO ESTÁ PERDIDO: Un hincha del Morecambe, de la quinta división de Inglaterra, fue echado del estadio del Forest Green por comer un SANDWICH DE PANCETA.
‼️ Comer carne está prohibido y solo se permite comida vegana. pic.twitter.com/l2RyFGX0rt
— Derechazo (@derechazoar) April 26, 2026









