ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Блаже Јанакиевски (Башкими)

74

Воопшто не се двоумевме за тоа кој е тренер на 29.коло во ПМФЛ. Немаше никакви дилеми, ако се знае дека неговиот тим не само што ја победи Шкендија среде Тетово со 2:3 туку и ја надигра. Секако дека тоа е Блаже Јанакиевски, стратегот на Башкими. Одамна не сме виделе некој така да слави под Шара, на таков начин. Тимот на Јанакиевски му се спротистави на големиот фаворит и сеуште актуелен шампион, со агресивна и напаѓачка игра. Иако тетовци поведоа со 1:0, сепак во одреден момент резултатот беше 1:3 за Башкими. Не паметиме кога тоа еден тим имал водство на гости кај Шкендија со 1:3 на домашна сцена и тоа во Тетово.Тимот на Јанакиевски едноставно одигра маестрално, а за тоа своја улога има секако и самиот тренер.

Претходно„Бомбардер“: Голчиште на Дориев за место на врвот на листата на стрелци (ВИДЕО)
СледноХаланд со порака: “Внимавајте, Манчестер Сити следната сезона ќе биде уште посилен!“