Кузманоски: Ова е златна генерација!

164

Синоќа во СЦ „Јане Сандански“ беше испишана историја. За првпат една селекција во екипен спорт успеа да освои златен медал на светско ниво. Нашите кадети се победници на Светското училишно првенство во ракомет, одиграа одличен шампионат и со шест победи во исто толку одиграни натпревари се искачија на тронот.

Селекторот, Горан Кузманоски и неговите момци потврдија на дело дека се генерација која ветува. Предводникот на нашиот национален тим има право да биде задоволен од она што го прикажаа ракометарите на терен.

ПретходноЧупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен
СледноЕнрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен