Дориев е во животна форма, „стрела“ и асистира на последните шест мечеви

56

Љупче Дориев во моментов го игра фудбалот на кариоерата во Узбекистан, поточно во тимот на Согдиана.

Напаѓачот е во животна голгетерска форма, а тоа го кажуваат и статистичките бројки во моментов.

А тие велат дека струмичанецот е стрелец или асистент за својот тим во последните шест мечеви што е навистина сериозен податок.

Па така, на последниот дуел, против тимот на Термез, Дориев погоди и асистираше. Претходно против Навбахор со својот погодок донесе бод во ремито 1:1.

Против Бунјодкор иако реализираше на два пати, сепак неговата Согдиана загуби со 2:3.

Гол во победата над Квиликум, за да забележи асистенција меч претходно против тимот на Динамо Самарканд. Конечно, имаше гол удел и во ремито 2:2 против тимот на Конанд.

Тоа значи дека во моментов Љупче Дориев е стрелец број еден во шампионатот на Узбекистан со седум постигнати голови и две асистенции на своето конто.

 

ПретходноХаланд со три зборови го опиша чудото „ПСЖ и Баерн“
СледноСерафимов е ок и веќе направи кам бек на тренинзите на Левски