Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука во врска со натпреварот помеѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамки на 23. коло од Младинската Супер лига.
Поради неправилен настап, односно настап со лажни податоци и користење лажни легитимации од страна на дел од играчите на ГФК Тиквеш 1930, клубот се казнува со парична казна во износ од 1.000 евра и одземање на три (-3) бода на младинската екипа.
Воедно, претставникот на ГФК Тиквеш 1930 на натпреварот, Трајче Димитриев, се казнува со забрана за извршување на функција во траење од 18 месеци.










