Хаос е во Реал: Ѕвездата на тимот си оди, а на Арбелоа му порачал…

429
фото: Real Madrid CF (X)

Како никогаш досега, се чини дека во Реал Мадрид владее вистински хаос. Ретко кој од играчите е задоволен од Арбелоа, а Дани Себаљос посебно. Па така тој направил нешто што е невообичаено за член на “кралевите“.

Имено тој пред неколку дена се простил од своите соиграчи нагласувајќи дека ќе си оди од Реал Мадрид, а на тренерот Алваро Арбелоа му порачал да не му се обраќа, дека за него не постои. Јасно е дека по ова враќање нема и дека Себаљос заврши со Реал Мадрид.

Инаку целата ситуација кулминирала кога за време на тренинг играчот за врска од својот тренер побарал разговор. Истиот се одвивал на повисок тон а Себаљос просто збеснал.

Во меѓувреме шпекулира дека Бетис е силно заинтересиран за Дани Себаљос и дека во летниот преоден рок најверојатно ќе го потпише.

ПретходноПеп за мечот ПСЖ – Баерн: Луис и Винсент се лоши тренери, играчите им се ср**е, ср**е!
СледноТрамп го призна поразот за Иран:„Знаете што? Нека играат на Мундијалот!“(ВИДЕО)